Toyota е најголемиот производител на автомобили – ПОВТОРНО

ОБЈАВЕНО НА:

Тоа е петта година по ред како Toyota го зазема првото место на најголем глобален производител на креациите на четири тркала...

Cе потврдува тоа, во што верувам и не сте се сомневале – Toyota и Lexus продадоа вкупно 10.159.336 автомобили во минатата 2024 година, што претставува пад од 1,4% во споредба со година пред тоа, односно во 2023-та. Вклучувајќи ги подружниците на Daihatsu и Hino, испораките достигнаа 10.821.480 единици, што е пад од 3,7% во споредба со 2023 година.

Toyota не ги објави целосните продажни резултати за 2024 година, но веќе има причина за славење. До ноември продаде 9.857.938 возила на глобално ниво. За јасност, бројката вклучува и единици продадени од неговите подружници Lexus, Daihatsu и Hino. Оваа недела, групацијата Volkswagen ги објави комплетните продажни резултати за последните 12 месеци, во текот на кои пратките паднаа за 2,3% на 9.239.500 автомобили и камиони.

Дури и без да се земат предвид нејзините продажби во декември, кои допрва треба да се пријават, Toyota веќе има значителна предност од 618.438 возила во однос на групацијата VW.

Јапонскиот гигант петта година по ред е најголемиот светски производител на автомобили. Тоа е и покрај падот на продажбата од 3,6% помеѓу јануари и ноември во споредба со истиот период во 2023 година.

Иако напорите на Toyota за електрични возила имаа тежок почеток, неговата огромна палета на автомобили со мотори со согорување и овозможи на компанијата да стигне до секој агол на светот. Од мали автомобили „kei“ за Јапонија, до теренци и камионети со целосна големина за Америка, не можеме да помислиме на празнина во составот на Тoyotа. Има седани, каравани, камионети, мини комбиња, па дури и неколку автомобили со перформанси, иако моделите како GR86 и GR Supra се ниско тиражни производи и, следствено, не ја поместуваат иглата на тасот на вагата.

Повторно, VW Group не успеа да го стигне и престигне јапонскиот автомобилски гигант, покрај тоа што имаше многу повеќе под-брендови под својот огромен корпоративен чадор.

Германскиот автомобилски конгломерат нуди и поширок спектар на plug-in хибриди и електрични возила, но тоа не беше доволно за да ја симнат Toyota од тронот.

Групацијата Hyundai Motor, која ја вклучува главната марка Hyundai заедно со Kia и Genesis, најверојатно ќе го заземе последното место на подиумот откако забележа 7,23 милиони продажби во минатата 2024 година, или за 1% помалку во однос на претходната 2023 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK