Toyota bZ4X го најавува новиот електричен СУВ што доаѓа во 2022

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota го претстави својот нов концепт bZ4X, што претставува почеток на најавата на целосно ново 100% електрично семејство на автомобили што брендот ќе го претстави во текот на следните неколку години.

Од Toyota велат дека bZ4X Concept е теренец со погон на четири тркала од средна големина, се заснова на платформата е-TNGA, која е дизајнирана и оптимизирана за електрични автомобили, а самиот концепт е развиен во соработка со корпорацијата Subaru. Новиот кросовер ќе биде комбинација на квалитетот и долгогодишната традиција и доверливост на Toyota и способностите на системот на погон на сите тркала на Subaru.

Сериската верзија на електричниот автомобил се очекува да се најде во продажба во средината на следната година. Ќе се произведува во Кина и Јапонија. Глобално продажбата почнува во средината на 2022 година.

Toyota bZ4X Concept

Без да навлегуваaт во детали за технолошката основа на концептот bZ4X, Toyota вели дека електричниот автомобил е развиен со идеја да понуди оптимално однесување на патот, вклучително и во екстремни временски услови и возење надвор од патот.

Oд брендот најавија дека до 2025 година ќе понуди повеќе од 70 електрифицирани автомобили во своето портфолио на глобално ниво, од кои најмалку 15 ќе бидат целосно електрични.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK