Tesla „царува“ во Европа: Најпродаван ЕВ во март и во Топ-5 севкупно

ОБЈАВЕНО НА:

Електрификацијата секојдневно донесува нови производители и модели кои се појавуваат, но се уште никој не може толку многу да го предизвика американски Tesla. Тие остануваат најпродавано електрично возило во Европа и во март, но истовремено е во Топ-5 споед продажбата на стариот континент севкупно.

Март 2021 година беше рекорден месец за електрична подвижност на европскиот пазар. Според податоците на Jato Dynamics, модлеите со нулта емисија и плаг-ин ибридите постигнаа 16% удел на пазарот. Минатата година тие не надминаа 9,7% и во март 2019 година, пред КОВИД-19 пандемијата застанаа на 3,4%.

„Овој раст се должи на два фактора: стимулациите и зголемувањето на продажбата на електрични возила“, објаснува Фелипе Муноз, аналитичар во „Јато“. „Иако електрифицираните автомобили сè уште се поскапи од моделите со традиционални мотори, возачите почнуваат да имаат попозитивно мислење и се посвесни за придобивките.

Станува навика и Tesla Model 3 повторно е на врвот според продажбата кај електричните возила. Со 23.616 нови регистрации во март, моделот забележа раст од 55% во споредба со минатата година и, тој беше четвртиот најпродаван автомобил во Европа, заедно со сите други возила. Само VW Golf (26.265 примероци), Peugeot 208 (25.429 примероци) и Opel Corsa (24.540 примероци) имаа подобар резултат.

Toп-10 најпродавани електрични возила во Европа (март 2021 година)

Tesla Model 3 – 23.616
Hyundai Kona Electric – 5.650
Renault ZOE – 5.373
Volkswagen ID.3 – 4.874
Volkswagen ID.4 – 4.766
Nissan Leaf – 4.503
Volkswagen e-up! – 4.159
Kia e-Niro – 4.037
Peugeot e-208 – 4.024
Fiat 500e – 3.415

Во рангирањето на plug-in хибридите, признанието за најпродаван автомобил во март му припаѓа на Volvo XC40 Recharge (5.364 единици), кој е пред Peugeot 3008 и Renault Captur, со 4.673 и 4.355 регистрации.

Месецот заврши со мало зголемување од резултатите од март 2020 година. Минатата година, многу важни пазари беа затворени од пандемијата и блокирањата. Ако го споредиме март 2021 година со март 2019 година, првиот сепак покажува пад од 22% во однос на вториот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK