Stellantis има пазарен удел од 23,6 отсто од продажбата во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Групацијата Stellantis го зазема првото место во продажбата на автомобили во Европа со пазарен удел од 23,6% во првиот квартал 2021 година во однос на патничките автомобили и лесни товарните возила.

Во контекст на умерен раст на европскиот пазар од 3,8%, резултатите постигнати од Stellantis се над ова, со пораст на продажбата од 10,8%, до 854.151 возила регистрирани на вкупен европски пазар од 3.619.749 возила и целокупната позитивна изведба постигната во составот на брендовите.

Што се однесува до производите, во првиот квартал од годинава, Peugeot 208 води во европското рангирање во Топ-10, каде се уште Citroen C3 и Peugeot 2008. За градските автомобили (А сегмент), Fiat Panda и новиот 500 силно водат со повеќе од 38%.

Покрај тоа, на патот до електрификација на европскиот пазар, Peugeot 208 и New Fiat 500 се во Топ-3 електрифицирани возила од нивните сегменти.

Раст на пазарот има скоро во сите поголеми европски земји, вклучувајќи ги Австрија + 22,1%, Франција, + 17,6%, Германија + 4,3% и Италија + 27,2%, со тоа што Stellantis е лидер на пазарот во Белгија (25,2% удел на пазарот), Франција ( 37,7%), Грција (28,8%), Унгарија (16,9%), Литванија (40,7%) Италија (41,3%), Португалија (34,3%), Шпанија (28,9%)

Stellantis исто така е предводник на европскиот пазар на лесни товарни возила со пазарен удел од 34,3%, што претставува повеќе од 184,000 возила регистрирани во првиот квартал од 2021 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK