Се притиска за укинување на забраната за ICE мотори во Европа во 2035

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемата политичка групација во Европскиот парламент сака забраната да се укине а оваа можност станува извесна  и еден вид „кислород’ за производителите на автомобии кои како да останаа без див од заканата која како „демоклов меч“ виси над нив - строгите еко норми …

Откако производителите на автомобили и владите ја критикуваа Европската унија за избрзаното уништување на моторот со внатрешно согорување, некои политичари се против забраната на моторите на внатрешно согорување од 2035 година. Најголемата политичка групација во Европскиот парламент, Европската народна партија ( European People’s Party ЕРР), врши притисок врз повисоките претставници од Брисел да го променат своето мислење.

Деновиве, Reuters добил нацрт-документ во кој се вели дека забраната „треба да се укине “.

ЕPP сака моторот со согорување да опстане во автомобилите што работат на алтернативни горива и после средината на следната деценија.

Дополнително, белешките од нацрт-документот на производителите треба да им биде дозволено да продаваат plug-in хибриди во текот на 2035 година.

Соочени со намалената побарувачка, многу автомобилски компании активни во Европа ги потиснаа своите возвишени цели за ЕV. Дури и Volvo рече дека најверојатно ќе продава автомобили со бензински мотори и по 2030 година.

Пред тоа, ЕРР сака построгите регулативи за емисиите кои стапуваат на сила следната година да бидат одложени за две години, односно за 2027 година за да се заштитат компаниите од плаќање казни.

Како што беше претходно објавено, сегашната просечна цел на флотата од 115,1 g/km (врз основа на циклусот WLTP) ќе се намали за околу 19% во 2025 година на 93,6 g/km.

Производителите на автомобили плаќаат казна од 95 евра (100 долари) за секој грам над целта за емисиите на флотата. Бидејќи казната се применува на секој автомобил, паричната казна брзо се зголемува кога сте голем производител на автомобили како Volkswagen Group.

Извршниот директор на Renault, Лука де Мео, ја направи математиката и тој проценува дека индустријата би можела да плати дури 15 милијарди евра (15,7 милијарди американски долари) казни само следната година.

Сепак, шефот на BMW, Оливер Ципсе, рече дека построгата цел за емисиите на флотата не треба да се одложува бидејќи автомобилските компании имаат пет години да се подготват за построгите правила. Тоа е игра со бројки бидејќи во основа се сведува на тоа дали производителот на автомобили продава доволно ЕV за да ги надомести емисиите генерирани од нивните автомобили со мотори за внатрешно согорување.

ЕРР е влијателна, имајќи предвид дека е најголемата политичка група во Европскиот парламент и неодамна назначената нова Европска комисија. Ќе мора да почекаме и да видиме како ќе се одвива ова, но секоја одлука донесена во Европа ќе има глобални последици. Ако на одреден производител не му биде дозволено да го продава својот автомобил на бензин во ЕУ, загубата на голем пазар на ЕУ (со 27 земји) може да ја наруши економијата во обем, да ги зголеми трошоците за производство и потенцијално целосно да го „убие “ моделот на функционирње во оваа индустриска гранка.

Консеквенциите на тоа би следувале и би предизвикале голема економска нестабилност дури и криза од пошироки размери. Имено пред се тоа би имало реперкусии врз работните места, од кои многу се веќе под закана во големите индустриски земји во Европа (пред се во Германија, Франција и особено во Италија).

Само како потврда на ова ќе наведеме дека автомобилскиот гигант и предводник на оваа индустриска гранка на Стариот континент Групацијата Volkswagen сериозно размислува да затвори три фабрики во Германија за да ги намали трошоците, со цел преструктуирање на компанијата кон поефикасно, односно поекономично работење, во вид на помала продукција, со поголем прилив на средства, односно поголема заработка за акционерите.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK