Ssang Yong во Женева го покажа новиот електромобил е-SIV

ОБЈАВЕНО НА:

Светската премиера на штандот на SsangYong на саемот во Женева е одбележана од концепцискиот развој на e-SIV (Electronic Smart Interface Vehicle), кој демонстрира дел од идниот развој на марката во однос на дизајност, поврзаноста и автономното управување.

SsangYong e-SIV е со одновни димензии: должина 4,46 метри, ширина 1,87 метри и висина 1,63 метри, додека меѓу оските растојанието е 2,675 метри. Концепцискиот развој е опремен со електромотор со моќност од 140 Kw и е во комбинација со батерија од 61.5 kWh.

Електромобилот е во состојба да предложи автономност од 320 до 450 километри, додека максималната брзина на движење е 150 км/ч. При употреба на инсталација за брзо полнење, акумулаторот на автомобилот може да биде наполнет до 80 проценти за 50 минути.

Благодарение на радарите и сензорите на бордот, SsangYong e-SIV доаѓа со автономност од Ниво 2. Тоа е гаранција за сигурно самостојно движење во една лента, распознавајќи ги другите превозни средства и внимавајќи на држењето дистанца кон нив. Од компанијата велат дека системот за концепциски развој може да биде надграден со дополнителни сензори и да биде достигната автономност од Ниво 3.

Друг важен акцент е ставен на европската премиер на новиот пикап Musso. Со 4х4 систем за придвижување на тркалата, носивост на товар од 1 тон и можност за товар до 3,5 тони, автомобилот е опремен со мотор e-XDi220 со максимална моќност од 181 коњска сила и максимален момент на вртежи од 420 Нм. Идните клиенти на новото Musso ќе можат да избираат меѓу шестстепен механички или шестстепен Aisin автоматски менувач.

Во зависност од нивото на опрема, новиот SsangYong Musso ќе може да биде опремен со Nappa кожа на седиштата, DAB радио, Bluetooth интерфејс, инфо-комуникациски систем со 8-инчен екран, синхронизација на мобилни телефони со посредство на Apple CarPlay и Android Auto, интернет модул и други.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK