Потсетување: Како изгледаше последната кружна трка во Скопје (Фото)

ОБЈАВЕНО НА:

По пауза од 7 години, кружните авто трки повторно се враќаат на скопскиот асфалт! Во организација на АКК Примо АВЈ, на 21 и 22 октомври ќе се одржи меѓународната трка “Скопје круг 2017“. По долгогодишната пауза, нашите најдобри возачи се враќаат на традиционалната скопска патека пред зградата на Македонската телевизија на булеварот Гоце Делчев и улицата Беласица пред влезот во Скопски саем.

Трката ќе има и меѓународен карактер и на неа освен домашните возачи ќе настапат и екипажи од Србија, Бугарија и Косово, а има најава и за учесници од Грција. Патеката ја задржува стандардната должина од 2.050 метри. Тренинзите и квалификациите ќе се одржат во сабота, на 20 октомври, а трките во недела. Двата дена настанот започнува од 12 часот. Во зависност од бројот на учесници, организаторот очекува дека ќе има три дивизии, односно три трки.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK