Христијан Бузалковски: Претсезонските резултати ни влеваат оптимизам

ОБЈАВЕНО НА:

До почетокот на сезоната во БМУ мото брзинскиот шампионат останува уште малку време, а веќе следниот викенд треба да се покажат квалитетите на првиот натпревар кој ќе биде на патеката во Сер.

За разлика од лани кога Христијан Бузалковски влезе со амбиција за што е можно подобар резултат во класата СП 125 годинава тој ги зболеми своите амбиции, но ги зголеми и трките бидејќи ќе се појави во две категории.

Тој ќе вози и во СП 125, но и во Ф600 така што ќе има можност да се бори за две титули.

„Претсезонските тестови се веќе готови. Ќе беше убаво да траеја уште подолго, но задоволен сум од она што го направивме заедно со мојот тим. На патеката во Сер направивме одличен резултат и тоа ми помогна да се навикнам на новиот мотоцикл со кој ќе се натпреварувам во посилната класа. Од сесија во сесија имам подобри времиња, а тоа е знак дека сме на добар пат“, вели Бузалковски.

Тој заедно со својот тим имаше три приватни тренинзи за да може подобро да се навикне на и на патеката и на мотоциклот, а од 13 до 15 април ќе има можност за две трки коишто ќе се бодуваат за новата сезона.

„До првата трка ќе има уште едно тестирање, а тоа ќе биде на само еден ден до официјалниот почеток на новиот шампионат. Ми останува само да продолжам со напорните тренинзи и подобрувањето на мојата физичка кондиција. Ќе се потрудам да бидам на врвно ниво и се надевам дека ќе успееме да оствариме добар старт на сезоната и дека од првите трки ќе се вратиме со бодови“, изјави Бузалковски.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK