Со Spiaggina ‘58, Fiat оддава почит на легендата 500

ОБЈАВЕНО НА:

Со цел да оддаде почит на 60 годишнината од појавувањето на легендарната 500, Fiat го лансираше лимитираното издание на Fiat 500 Spiaggina ‘58 изведбата. Во основата на овој модел лежи најновата генерација на Cinquecento, а самиот дизајн ја истакнува префинетоста и заводливоста на малиот италијански автомобил.

Трансформирачкиот покрив зачинет со Volare Blue бојата и мекиот кров со нијанси на слонова коска го прави овој мал автомобил вистински заводник и целосно достоен за одбележувањето на јубилејот од 60 години од појавувањето на првиот Fiat 500. Деталите на надворешноста особено во рачките од вратите како и 16 инчните алуминумски бандажи само го истакнуваат ретро дизајнот кој соврешно се вклопува во градските улици.

Во внатрешноста белиот појас, хромираните елементи, внимателно изработените седишта обезбедуваат вистинска комфорност и покрај малите димензии на 500. Естетската совршеност ја надополнува и дво тонската боја во внатрешноста, патосниците, ретро знакот на Fiat како и воланот. За да биде во чекор со современата технологија тука се наоѓа и 7 инчниот Uconnect инфо систе кој е понуден во стандардната опрема, а самото возило располага со бројни сензори и системи со кои значително се подобрува безбедноста и задоволството во возењето.

За љубителите на 500 ќе биде многу тешко да се стигне до ова возило бидејќи ќе бидат произведени само 1.958 единици од овој специјален автомобил, бројка која симболично соодејствува со годината на појавување.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK