Smart со Concept #1 влегува во светот на електричните возила

ОБЈАВЕНО НА:

Драстично новиот дизајнерски јазик што ќе го имаат следните модели на Smart сега ги покажува концептот што ќе биде прикажан на саемоt во Минхен. Тоа е новиот правец по кој ќе одат возилата на Smart кој сега е сопственост на кинески Geely. Затоа идните Smart модели ќе бидат произведувани од Geely во Кина, но дизјанирани од Mercedes

Откако во 2019 година беше објавено дека нема да има веќе мотори со внатрешно согорување во понудата, ова е првиот компактен СУВ на Smart. Concept # 1 демонстрира некои од решенијата за дизајн што можеме да ги очекуваме во блиска иднина на бренд.

Smart Concept #1

Concept # 1 е претходник на првиот автомобил во модерната историја на марката, кој по сегашниот развој на автомобилската индустрија, ќе биде SUV со електричен погон.

Concept # 1 е претходник на првиот автомобил во модерната историја на марката, кој по сегашниот развој на автомобилската индустрија, ќе биде SUV со електричен погон.

Smart Concept # 1 со четири седишта има основни димензии od 4290 мм должина, 1910 мм ширина и 1698 мм висина, и меѓуоскиното растојание е 2750 мм, а од компанијата велат дека неговата сериска верзија ќе има внатрешност со пет седишта.

Сериската верзија на овој СУВ во Европа и Кина би требало да биде во 2023.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK