Со ПР соопштение чешкиот производител Skoda објави дека во фабриката во чешкиот град Млада Болеслав започна производството на наследникот на Rapid, моделот Scala.
Производството започнува само неколку недели откако во јануари Skoda го претстави премиерно продукцискиот модел кој пак доаѓа откако минатата година на саемот во Париз, Skoda го претстави концептот Vision RS.
Новата Scala се темели на продолжената MQB A0 платформа, истата онаа платформа на кој ќе се темели и идниот кросовер Vision X, а на која во моментов се темелат Seat Leon, Seat Ibiza, Audi Q2, Audi Q3, VW Polo, VW T-Roc и други модели.
Во поглед на димензиите, должината на овој автомобил изнесува 4.362 мм, висината 1.471 мм додека ширината 1.793 мм. Меѓуоскиното растојание изнесува 2.650 мм.
Почетната цена во Германија каде продажбата се очекува да стартува кон крајот на следниот месец изнесува 17,350 евра. За оваа цена добивате основен бензински мотор со 95 КС, а во понудата се наоѓаат и 1.0 итарски TSI мотор со 115 КС кој ќе чини 21,450 евра. Цената, во зависност на опремата може да достигне и над 25,000 евра.
Повеќе за овој модел прочитајте ТУКА.