Skoda официјален превозник на Tour de France

ОБЈАВЕНО НА:

Tоur de France е најстарата и далеку најпопуларна велосипедска трка. Се вози уште од 1903, а годинешното 107 издание поради коронавирусот беше одложено.

Така наместо од 27 јуни, стартот на оваа трка ќе биде на 29 август, а од организаторите наведуваат дека официјалното возило ќе биде Skoda.

Поради гледаноста и големата популарност многу производители на автомобили се обидуваат да го спонзорираат ова натпреварување со тоа што ќе отстапат дел од своите возила, а оваа година тоа со организаторите успешно го договори Skoda.

Чешкиот производител за потребите на ова натпреварување ќе обезбеди до 250 возила од брендовите на Octavia, Superb, Kodiaq, Karoq и Kamiq.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK