Skoda објави скици на новата Slavia – промоцијата до крај на ноември

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda објави две официјални дизајнерски скици кои ја покажуваат новата Slavia наменета за индискиот пазар. Ова е вториот нов модел од проектот INDIA 2.0 што го следи теренецот Kushaq претставен на почетокот на 2021 година. Се работи за класичен ночбек од A0 сегментот, многу популарна категорија во Индија.
Slavia исто така се произведува локално во Пуна и се заснова на верзијата MQB-A0-IN на групацијата Volkswagen, кој е специјално адаптиран од Skoda за индискиот пазар. Официјалната презентација ќе се одржи во ноември 2021 година.

Првата од двете дизајнерски скици го прикажува предниот дел и силуетата на Slavia. Името на моделот ги евоцира раните денови на компанијата и првите велосипеди продадени во Млада Болеслав од 1896 година од основачите Вацлав Лаурин и Вацлав Клемент.
Сликата го прикажува нискиот преден дел на автомобилот, вклучувајќи широка, шестоаголна решетка на Skoda која се протега до тенки, остро дефинирани предни светла кои имаат лента за дневни светла во форма на L. Видливи се и силуетата во стилот на купе и долгото меѓуоскино растојание, како и препознатливата значка со знакот на Skoda.

Втората скица е фокусирана на задниот дел на новата Skoda Slavia. Кровната линија на ночбек моделот нежно се спушта кон задниот дел, каде што елегантно и непречено се спојува во капакот на багажникот. Со препознатливиот дизајн на Skoda светлата во облик на Ц, задните светла се поделени на два дела и се протегаат до капакот на багажникот.

За неговото производство, производителот на автомобили ќе набавува до 95 отсто од компонентите од локални индиски добавувачи.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK