Сите нови возила на Honda ќе бидат електрифицирани (ФОТО)

ОБЈАВЕНО НА:

Honda објави дека компанијата донела решение за целокупна електрификација на своето портфолио на автомобили, што им го нуди на европските потрошувачи во 2025 година.

Со овој чекор, компанијата акцентира и го забрзува својот првичен план од 2017 година, според кој две третини од своите производи во Европа мораше да се електрифицирани до 2025 година.

Вториот силен акцент на годинешното учество на Honda на саемот во Женева е светската премиера на E Prototype, кој се јавува како претходник на првата серија на целосно електричното возило на брендот на европскиот пазар.

За E PROTOTYPE од Honda коментираат, дека е развиена со идејата да биде функционален и исчистен како дизајн, кој треба да даде вистинска уникатност.

Карактеристична особеност на новиот прототип се кваките на вратите кои се повлекуваат, камерите кои ги заменуваат класичните надворешни ретровизори, централно расположениот преден капак контактор за полнење, диодното спроведување на системот за осветлување и друго.

Погонскиот систем на HONDA E PROTOTYPE е изграден целосно на нова платформа, која ветува компактни пропорции, но и просторен ентериер исполнет во случајот на брендот во минималистички стил и со главен акцент на масивно издолжено дигитално ветробранско табло.

HONDA E PROTOTYPE е во состојба да понуди автономија за патување од повеќе од 200 километри, а со помош на системот за брзо полнење, батеријата може да биде наполнета до 80% за 30 минути.

Од Honda објавуват дека сериската верзија на E PROTOTYPE ќе биде пуштена во производство подоцна во оваа година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK