Најпознатата полициска единица во светот несомнено се Карабинијерите. Речиси и да нема човек кој не слушнал за оваа италијанска национална полиција. Бројните филмови, серии, но и играчки (особено оние на Bburago) се причината за тоа.
Но што се имаат во своите гаражи оваа елитна италијанска служба?
Најголем дел од автомобилите се од домашно, италијанско производство. Најпрепознатлив од нив е Alfa Romeo 159. Покрај овој модел, тука се и Giulia, Giulietta и Stelvio. Fiat е застапен со моделите Bravo, Stilo, Grande Punto и Ducato, а тука е и Lancia Kappa.
Теренците се исто така составен дел. Така, тие ги имаат Land Rover Freelander, Land Rover Defender, Land Rover Discovery, Subaru Forester, Hummer H1, Jeep Renegade, Jeep Grand Cherokee, Mitsubishi Pajero, Isuzu D-Max, Nissan Terrano како и Suzuki Jimny.
Со последниот тендер, Карабинијерите набавија и бројни примероци од автомобилот Seat Leon.
Други автомобили кои може да се најдат во гаражите се Renault Clio, Iveco Daily, Mitsubishi i-MiEV, Lotus Evora.