На 15 април со почеток од 22 часот по централно европско време, SEAT ќе ја одржи премиерата на подновените модели Ibiza и Arona. Во пресрет на премиерата, шпанскиот произвдител објави тизер фотографија и подновените модели ги најави со еволуција во внатрешноста и револуција во надворешноста.
“SEAT Ibiza е круцијалниот модел за успехот на брендот со близу 6 милиони продадени автомобили во пет генерации, додека SEAT Arona е столбот во сегментот кој е вториот најпродаван модел на SEAT минатата година” изјави Вејн Грифитс, претседателот на SEAT.
Грифитс не откри повеќе информации за новитетите, но најави “одлично освежени автомобили со неверојатни атрибути”.
За потсетување, актуелната петта генерација од моделот Ibiza е претставена во 2017 година и важи за еден од најпродаваните модели во својот сегмент во Европа. Истата година е претставена и првата генерација на моделот Arona чиј дизајн е дело на Алехандро Месонеро Романос.