Секој Aston Martin во иднина ќе се нуди со хибриден мотор

ОБЈАВЕНО НА:

Aston Martin се подготвува за промовирање на своето прво електрично возило што ќе вика RapidE, но Извршниот директор Енди Палмер најави дека ќе има и други слични модели во понудата. Се работи за цела палета од шест хибридни автомобили.

Во интервју за весникот Financial Times, извршниот директор Енди Палмер потврди дека ќе бидат 100 отсто подготвени со новите мотори до средината на 2020 години, а 25% од сите автомобили да бидат целосно електрични “до крајот на следната деценија”.

Во јуни, компанијата објави дека во 2019 година ќе го произведе својот прв комплетен електричен автомобил во ограничена количина од 155 автомобили. Цената на моделот ќе започне со околу 200 илјади долари.

RapidE треба да биде претставен во 2019 година

Ова треба да биде радикален пресврт за компанијата, но тие не се подготвувавт да им кажал целосно „збогум“ на традиционалните мотори со внатрешно согорување.

“Моторот со внатрешно согорување е во срцето на Aston Martin повеќе од век и ќе продолжи да биде и за следните години”, коментира Палмер,

Компанијата планира да се снабдува со електрични системи, туку да развие сопствено производство.

Дури 25% од сите автомобили ќе бидат целосно електрични “до крајот на следната деценија

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK