Седми месец по ред расте продажбата на Toyota

ОБЈАВЕНО НА:

Toyota во март постави месечен рекорд во глобалната продажба на своите автомобили, покажуваат податоците објавени од компанијата. Јапонците минатиот месец продаде 982.912 автомобили ширум светот, што е за 44,2% повеќе од третиот месец лани.

Јасно е дека толку голем раст во споредба со минатата година е резултат на нагло опаѓање на продажбата во пролетта 2020 година, поради затворањето заради пандемијата на коронавирусите.

Глобалната продажба на Toyota расте седми месец по ред. Компанијата произведе 843.393 возила во март, што е за 31,6% повеќе од март 2020 година.

Во текот на изминатите три месеци, глобалната продажба на Toyota се зголеми за 19,1 процент, најмногу заради зголемената побарувачка за автомобили во САД и Кина.

Во фискалната 2020 година, која заврши на 31 март 2021 година, продажбата на Toyota низ целиот свет беше намалена за четири проценти од претходната деловна година, на 9,09 милиони возила.

Производството падна за 6,4 проценти во штотуку завршената фискална година на 8,18 милиони возила.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK