сабота, 25 јули, 2025 година

Рекордни испораки за Jaguar Land Rover

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

За првпат во историјата на фабриката, Jaguar Land Rover објави дека имале рекордна продажба, и тоа над 600.000 возила за 12 месеци.

Од април 2016 до март 2017 година, британскиот производител продал вкупно 604.009 возила, што е за 16 отсто подобро во однос на претходниот период, а се најавува дека во иднина ќе има уште подобри резултати. Во четвртиот квартал од 2016 година Jaguar Land Rover продале 179.509 возила, односно 13 отсто повеќе отколку истиот период во 2015 година. Во март годинава, вкупно 90.838 нови возила биле испорачани на купувачите, што е за 21 отсо повеќе од ланскиот месец.

- Advertisement -

При претставувањето на финансиските извештаи, компанијата објави зголемена продажба на пазарите во Кина (32 отсто), Северна Америка (24 отсто), В.британија (16 отсто) и Европа (13 отсто). На другите пазари има пад на продажбата од 6 отсто.
Главна причина за зголемената продажба е промовирањето на моделот F-Pace кросоевеот, што е главен модел во продажбата на Jaguar, на што отпаѓа 83 отсто.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја