Seat ќе донесе тркачка Leon Cupra Evo 17 во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Групацијата Volkswagen на оние што сакаат тркачки модел во својата гаража им нуди неколку модели како избор. Особено во TCR класата каде може да се купи Golf GTI TCR и Audi RS3 LMS. Сега на друштвото се приклучува и Seat, со новиот Leon Cupra Evo 17.

Возилото е базирано на новиот Leon Cupra 300, и Evo 17 е дизајниран за тркачка патека. И наместо само да се натпреварува во сопствениот Leon Cup, новиот Evo 17 е достапен за еден најбрзорастечките класи на ТCR што е класа со ниски трошоци.

Моторот се базира на 2.0 литарски турбо 4 цилиндричен мотор. За разлика од уличната верзија на најмоќниот Seat кој можеда развие 296 КС, моделот Evo 17 ќе има 345 КС. Преносот на силата ќе бид епреку предните тркала преку електри хидрауличен диференцијал, и клиентот може да избира меѓу секвенционален рачен менувач или автоматски со двојно квачило.

Изгледот на Cupra Evo 17 ќе дебитира заедно со уличната верзија Cupra 300, заедно со новата Ibiza на саемот во Женева.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK