Во светот на автомобилите, понекогаш се појавуваат возила што звучат како да се извадени од нечиј чуден сон. Токму таков е случајот со Lada Safari – кабриолет-пикап 2+2 базиран на Lada Samara, доработен од никој друг, туку Porsche.
Овој редок модел е резултат на необична соработка меѓу германскиот производител на автомобили по нарачка Bohse, Porsche и руската Lada. Крајниот резултат: автомобил што изгледа како комбинација од утилитарност и инженерска фантазија.
Компанијата Bohse ја користела основата на Lada Samara, а инженерите на Porsche придонеле со модификации на моторот, трансмисијата и дизајнот. Така, Lada Safari влегува во друштво со легендарни модели како Mercedes-Benz E500 и Audi RS2 Avant, исто така создадени со учество на Porsche.
Safari изгледа како вистинска автомобилска химера. Комбинира отворен кров со пикап заднина, има 2+2 конфигурација на седишта, подвижен кров и изненадувачки практичен багажник. Возилото дефинитивно привлекува внимание, и веројатно било повеќе користено како повод за разговор, отколку како секојдневно возило.
Во кабината ве пречекува едноставен, но функционален дизајн: три педали, рачен менувач и аналогни инструменти. Примерокот што се продава има само 10.600 километри, што значи дека е речиси во состојба на ново возило. Се чува со оригинална боја, ентериер и сите детали, што го прави совршен за колекционери.
Иако станува збор за екстремен реталитет, продавачот AlphaCars од Масачусетс тврди дека резервните делови се лесно достапни, бидејќи основата – Lada Samara – се произведуваше релативно долго и во големи количини.
Ова необично возило се нуди по цена од 28.995 долари. Можеби звучи многу за една Lada, но со оглед на реткоста, состојбата и влијанието на Porsche, ова е вистинска зделка за ентузијасти и љубители на уникатни автомобили.