сабота, 25 ноември, 2025 година

BYD има нов БРОД и може да извезува 1 милион автомобили годишно – не само од Кина

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Кинескиот гигант BYD ја заокружи својата огромна флота од осум транспортни бродови и сега располага со капацитет за извоз на над 1 милион автомобили годишно. Последниот брод, BYD Jinan, почна да се користи минатата недела, а само за помалку од две години компанијата ја изгради целата флота од RoRo (roll-on/roll-off) бродови со капацитет од 7.200 до 9.000 возила.

Сите бродови веќе редовно ги снабдуваат светските пазари – BYD Hefei во моментов истоварува автомобили во Европа, BYD Xi’an се очекува во Барселона, а BYD Shenzhen и BYD Changsha се на пат кон Европа.

- Advertisement -

За првпат, BYD започна извоз на возила и од својата фабрика во Тајланд – BYD Zhengzhou превезе автомобили со десен волан кон Велика Британија, избегнувајќи ги дополнителните европски царини кои важат за кинеските производители.

Компанијата веќе има отворано и други капацитети надвор од Кина:
* Бразил – од јули почна производството на моделот Seagull.
* Унгарија – фабриката во Сегед е готова, но сериското производство е одложено за 2026.
* Пакистан – нова фабрика, исто така предвидена за 2026.
* Узбекистан – локално склопување стартуваше во 2024.

Сите овие погони првично работат по „knock-down kit“ принцип – склопување од увезени делови, со цел постепено зголемување на локализацијата.

BYD се соочува со пад на продажбата во Кина (минус 22% во август), но странските пазари ја спасуваат состојбата. Само во август, компанијата забележа раст на извозот од 157%, со над 80.000 продадени возила.

Од јануари до септември 2025, веќе се пласирани речиси 700.000 автомобили надвор од Кина. Целта е јасна – до крајот на 2025, BYD сака 20% од продажбата да доаѓа од странство, што значи околу 1 милион возила.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја