Се бара оригиналност: Hyundai веќе нема да прави клонови

ОБЈАВЕНО НА:

Hyundai повеќе нема да практикува една основна дизајнерска филозофија аплицирана врз сите свои модели. Ова го изјавија директорите за дизајн Лук Донкерволке и Санг Јуп Ли.

“Нема повеќе да правиме клонови” меѓу другото изјави Донкерволке кој додаде дека Hyundai полека, но сигурно ќе ја напушти дизајнерската филозофија да два до три модели од различни сегменти изгледаат слично. Со ова секој нов модел на јужнокорејскиот прозиводител ќе добие посебен, оригинален дизајн како во внатрешноста така и во надворешноста.

Во моментов ако добро се анализира постоечката гама, ќе се приметат многу екстериерни, а особено ентериерни сличности помеѓу моделите на Hyundai. Ова особено важи за моделите Hyunda i10, i20 и ix20 како и Elantra и i30, но и за SUV моделите.

Преку ова Hyundai ќе се обиде да прерасне во бренд со оригинален, атлетски дизајн кој најпрво ќе биде аплициран во продукциската верзија на концептите HDC-1 и HDC-2 кои својата светска премиера како концепти ја имаа на самеот во Женева годинава.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK