S-Design: Една друга страна на симпатичниот Fiat 500X

ОБЈАВЕНО НА:

Фијатовиот симпатичен и мал градски SUV добива поагресивен изглед благодарение на S-Design изведбата.

Главна одлика на 500X S-Design е новата Alpi Green мат боја која е најзаслужна за новиот имиџ на еден од најпродаваните мали градски SUV возила во Европа. Тука се и новите LED светла кои се претставени со новата генерација која беше претставена минатата година. Тука се и затемнетите стакла, редизајнираните ретровизори како и црните 17 инчни фелни.

Неколку мали нови детали има и во внатрешноста. Тука се секако и новите S-Design седишта кои ја зголемуваат елеганцијата и комфорноста во внатрешноста.

Цената на овој модел не е позната, а истиот ќе може да се купи само по нарачка.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK