Русија ќе субвенционира купување електрични автомобили до 25% од цената

ОБЈАВЕНО НА:

Властите во Русија планираат да субвенционираат купување на електрични автомобили со давање на 25% од цената, со субвенција која не може да ја надминува сумата од 7.323 евра или 625.000 рубљи.

На тој начин властите сакаат да ги популаризираат автомобилите на струја, со оглед на тоа што во моментов од околу 45 милиони автомобили едвај 11.000 од нив се на електричен погон.

За да се направат електромобилите уште подостапни, Владата си постави цел да произведува по 220.000 примероци секоја година, сметано од 2030 година. Иако ова може да звучи претерано, властите информираат дека има засилен интерес од странски брендови кои сакаат да инвестираат во земјата.

Русија е еден од големите пазари за автомобили на светски план и може да се пофали со 1,76 милиони продажби во 2019 година и други во времето на пандемија во 2020 година падот е до едвај 1,6 милиони. Во врска со спогодбата од Париз, земјата сака да ги намали штетните емисии до 2030 година, а електричните автомобили неминовно ќе помогнат за тоа.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK