Резервирајте си Audi E-Tron за само 1.000 долари

ОБЈАВЕНО НА:

Германскиот производител Audi објави дека премиерата на e-tron моделот ќе се одржи на 17 септември на специјален настан организиран во Сан Франциско. Истовремено производителот објави дека од овој датум ќе може да се добиваат и резервации за што идните сопственици ќе треба да издвојат 1.000 американски долари.

Она што е новитет е можноста, клиентите кои ги резервирале своите примероци да го следат статусот на производството и испораката на возилото на интернет. Подетални информации околу цената и начинот на следењето на производството и испораката ќе бидат откриени на настанот во Сан Франциско.

Инаку овој модел ќе зазема важно место во понудата на Audi и на некој начин е почеток на бројните EV модели што во наредниот период треба да се појават под знакот на Audi. Исто така, овој модел е олицотворение на последните развиени иновации и технологија од страна на германскиот производител.

Така, покрај батеријата со која ќе може да се помине до 400 километри, двата мотори кои продуцираат над 400 КС и малата тежина (само 700 кг), овој модел доаѓа и со без класичните ретровизори односно со две странични камери кои ќе продуцираат слика на OLED екран поставен помеѓу инструменталната табла и вратата.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK