Решена е мистеријата за тоа кој е подобар возач – мажите или жените

ОБЈАВЕНО НА:

Отсекогаш постои дебата кој е подобар возач, мажите или жените, и секогаш има различни аргументи. Европската комесарка за транспорт, Виолета Булц ги претстави податоците во секторот транспорт во Европската Унија. А во тие податоци е и одговорот. Кој е подобар возач?

Жените подобро се грижат за возилата и имаал подобри резултати во однос на безбедноста во возењето. Од друга страна пак жените се многу малку застапени во европската индустрија за транспорт, покажува извештајот за тртанспорт во ЕУ за 2017 година.
Во него се оценуваат перформансите на земјите членки во 30 категории.
На почетокот на годинава Комисијата ги критикуваше членките на ЕУ поради порастот на загинати лица на патиштата во 2015 година, во однос на 2016. Комесарката изјави дека тоа е тренд што „загрижува“. Комисијата цврсто ветила дека до 2020 година ќе се намали бројот на загинати лица на патиштата за половина во однос на 2010 кога бројот на загинати во сообраќајки бил 31.400 луѓе.

Во 2016 година на патиштата на Еу загунале 26.000 лица покажало истражувањето на Европскиот совет за безбедност во сообраќајот. Младите возачи, особено машките се поголема опасност, не само за себе туку и за другите учесници во сообрачајот.

Најдобри резултати трета година по ре дима Холандија, и тоа во 15 од вкупно 30 категории. Потоа следуваат Шведска, Германија и Австрија.
На дното е Романија, каде во 2016 година бројот на загинати на патиштата и железницата бил 95 луѓе на милион жители, пто е многу повеќе од европскиот просек од 52 лица. Најмногу загинати им аво Бугарија, 98 н амилион жители, а најмалку на Малта, 26.

 

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK