Renault ја враќа „4″ – и тоа во електрична верзија

ОБЈАВЕНО НА:

Tоа ќе биде практичен електричен автомобил со пространа внатрешност, кој ќе се приклучи на буџетскиот сегмент. Прототипот е предвидено да биде претставен пред крајот на оваа година, а сериската ќе биде претставена во 2023 година.

Електричните возила стануваат составен дел од портфолиото на секој производител. Некои сакајќи да оживеат стари сеќавања им даваат имиња на новите следни електрични модели. Нешто слично подготвува и Renault. Се подготвува евтин електричен СУВ што ќе го носи името на легендарната „четворка“.

Компанијата ги истакна своите планови за следните 5 години во амбициозната стратегија за закрепнување што веќе започна да ја спроведува. Како дел од оваа стратегија, нов електричен SUV автомобил со цена до 20.000 евра ќе биде претставен на крајот на 2021 година.

Заедно со овој кросовер, кој ќе го носи легендарното име Renault 4, француската марка има намера да лансира пет нови електрични автомобили. Познато е дека новите електрични модлеи ќе се базираат на платформата CMF-B што се користи во Renault Clio и Captur.

Новиот буџетски електричен СУВ му оддава почит на иконскиот автомобил, што се произведуваше од 1961 до 1994 година и е меѓу најпродаваните модели на европскиот пазар. Електричниот автомобил Renault 4 ќе го наследи од неговиот историски претходник не само името, туку и карактеристиките на марката. За тоа сведочат патентните слики.

Новиот кросовер ќе добие препознатлива маска на ладилникот, кој е комбиниран во еден блок со фарови и е нацртан со хромиран раб, браник со вертикални плочи, квадратни лакови на тркалата, долга хауба и контрастен покрив со спојлер. Современоста на моделот се додава со печат на страничните врати и оригиналните тркала.

Техничките карактеристики на електричниот Renault 4 сè уште не се познати. Сепак, компанијата појасни дека тоа ќе биде практичен електричен автомобил со пространа внатрешност, кој ќе се приклучи на буџетскиот сегмент. Прототипот е предвидено да биде претставен пред крајот на оваа година, а сериската ќе биде претставена во 2023 година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK