Renault Group под притисок – синдикатот бара Sandero и Clio да се прават дома

ОБЈАВЕНО НА:

Синдикатот на Renault во Франција продолжува со притисокот кој го започна минатата година. Намалувањето на бројот на работниците и најавеното затворање на фабрика во Франција, го крена на нозе синдикатот кој постави бројни барања до Renault Group.

Последното во низата барање го пушти преку интернет каде објави петиција со која бараат Renault Group да започне со производство на повеќе модели во оваа земја.

Конкретно, од синдикатот бараат производството на моделите Dacia Sandero и Renault Clio да се спроведува во Франција, а не во Романија и Мароко каде овие модели во моментов се произведуваат.

“Втора година по ред Dacio Sandero е најомилен автомобил на Французите. Но, овој автомобил не се произведува во Франција! Една третина од моделите Sandero и Duster произведени на истокот се увезуваат во Франција” тврдат од Синдикатот.

Со производство на овие модели во Франција, објавуваат од Синдикатот, ќе се спречи отпуштањето работници во фабриките на Renault, но истовремено ќе се оствари позитивен импакт врз француската економија.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK