Renault 5 E-Tech е избран за автомобил на годината во Европа за 2025 година

ОБЈАВЕНО НА:

Renault 5 е избран за автомобил на годината 2025 во Европа. Објавата беше обзнанета на Саемот за автомобили во Брисел  што во моментов се одржува во главниот град на Белгија и административниот центар на Европската унија. Да токму така, компактниот и „носталгичен“ француски електричен автомобил многу ги надминува своите конкуренти, пред Kia EV3 и Cupra Terramar, кои го заземаат второто место. и третото место соодветно.

Renault 5, чии гласови ги вклучуваат и оние на спортскиот Alpine A290, со тоа го повторува успехот на Renault минатата година, кој триумфираше со Scenic и го продолжува трендот на електрични победници.

Комплетното рангирање на автомобил на годината за 2025 година
Шеесетте членови на жирито за Европски автомобил на годината, познат и како Автомобил на годината, на Renault 5 E-Tech му доделија импресивни 353 гласови, оставајќи го Kia EV3 со 291 поен и Citroën C3 со 215 поени, на второто, односно на третото место соодветно.

Eве каков е редоследот на седумте финалисти од годинешниот избор на Европски автомобил на годината:

Модели гласови

Renault 5 E-Tech 353

Kia EV3 291

Citroen C3 215

Dacia Duster 172

Hyundai Interstar168

Cupra Terramar      165

Alfa Romeo Junior   136

За победникот – носителот на титулата Автомобил на годината во Европа за 2025 година:

Renault 5 ја претставува новата електрична ера на брендот

За потсетување, Renault 5 E-Tech е новиот електричен автомобил на Renault со пет врати, опремен со мотор со моќ од 120 и од 150 КС, батерија со капацитет од 52 kWh и одобрен опсег со едно полнење на батеријата од 312 до 405 km .

Во ценовникот штотуку влезе и почетната верзија на Renault 5 E-Tech со батерија со капацитет од 40 kWh, односно со намалена батерија, со моќност од 95 КС и автономија од 300 km.

Во Франција е достапен со цена од 28.000 евра.

Спортската верзија на Alpine A290 ја користи истата основа за да понуди поголема моќност, брзина и перформанси: моќ од 177 или од 218 КС за максимална брзина од 170 km/h, времето на забрзување од 0 до 100 километри на час изнесува 6,4 секунди, а додека опсегот (досегот) со едно полнење на батеријата  изнесува од 362 до 379 km

Следете не и на:

24AUTO NETWORK