Range Rover Velar достапен и за македонските купувачи

ОБЈАВЕНО НА:

Најновиот производ во портфолиото на Range Rover, моделот Velar што е позициониран помеѓу актуелните Range Rover Evoque и Range Rover Sport, пристигна и во салонот на Аутомобили Груп во Скопје. Velar импресионира со фасцинантен и моќен дизајн, што се истакнува со помош на Matrix Laser ултра тенки фарови. Има шест верзии на мотор со моќност од 180 до 380 КС, како и на два адаптивни системи Terrain Response 2 и Adaptive Dynamics.

Со меѓуоскино растојание од 2874 мм, Range Rover Velar ветува и респектирачки ентериер, товарен волумен од 632 литри, како и висока проодност и безбедност, благодарение на системот за погон на четири тркала со функција Intelligent Driveline Dynamics, системот за автоматско активирање на системот за сопирање со препознавање на пешаци. Многу силен акцент во внатрешноста на возилото е новиот систем Touch Pro Duo со два HD 10-инчни екрани чувствителни на допир.

Velar вклучува високо технолошки систем за погон на сите тркала, воздушна суспензија на четири тркала, водечко во класата растојание од тлото од 251 мм, водечка во класата длабочина за газење од 650 мм и ненадмината гама на Land Rover од технологии за влечење, вклучувајќи го и Terrain Response 2 и All Terrain Progress Control.

Уникатно за сегментот, Velar нуди премиум тапацир на седиштата од текстил како алтернатива на кожата. Материјалот во боја Dapple Grey е создаден заедно со Kvadrat, водечкиот производител во Европа на висококвалитетен дизајниран текстил, и е надополнета од велур инсерти во боја Ebony или Light Oyster.

Velar ветува капацитет за влечење на товар до 2.500 кг, а во прилог со функцијата Advanced Tow Assist, возачот има можност да управува автомобилот на рикверц со прицврстен приколка преку ротирачкиот контролер на Touch Pro Duo без потреба од вртење на воланот.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK