Не само што доби разубавување, спортскиот модел Audi Rs3 Sportback беше надграден со „витамини“ па сега моторот што го користи има 400 КС. Моделот ќе биде претставен на саемот во Женева на почетокот на март.
Една година по промовирањто на освежениот Audi A3 и S3, што беше лани во април, и неколку месеци по дебито на RS3 седанот на саемот во Париз, од компанијата сметаа дека е вистинско време да се направи ново подобрување на RS3 sportback верзијата.
Во кратки црти се работи за тоа дека „брзиот хечбек“ ја има опремета и техничките спецификации од регуларниот А3, а зголемената сила од 400 КС со турбо е преземено од RS3 Sedan.
Најважните детали за 2017 година во RS3 Sportback е дека е задржанo да биде лесен автомобил, а 5 цилиндричниот 2,5 литарски турбо мотор што го има и во RS3 sedan и во Audi TT RS. Не само што е 26 кг. полесен благодарение на алуминиумските делови, покрај другите подобрувања, има и 33 КС повеќе и 15 Нм поголем вртежен момент од претходникот. Сега возилото испорачува 400 КС и 480 Нм вртежен момент, што е достапен во распон од 1.700 до 5.850 вртежи во минута.
Овој мотор со 5 цилиндри е во комбинација со S-tronic седум степена трансмисија со двојно квачило и постојан кватро погон на сите тркала.
Audi тврди дека од 0 до 100 км/ч. возилото забрзува за 4,1 секунда, што е за 0,2 секунди подобро, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 км/ќ, но истата може да се продолжи до 280 км/ч.
RS3 троши 8,3 литри во комбиниран циклус на возење, и испушта 189 грама ЦО2 на километар.
Надворешните промени на верзијата за 2017 во голема мера ги имитираат оние на стандарден А3 и спортската S3 вклучувајќи ги и новите предни светла со дополнителна matrix LED, повеќе аголнo опкружување за решетката на еден кадар, нови браници со редизајниран преден дел и заден дифузер исто како во случај на RS3 и нов графички изглед на фарот за магла.
Во Европа порачките за RS3 sportback ќе почнат во април 2017, а првите испораки се планирани за во август.