Работниците на Volkswagen бараат да има повеќе – Made in Germany возила

ОБЈАВЕНО НА:

Вработените во Volkswagen бараат да има повеќе локални локации за производство, и нови модели што би се произведувале во земјата. Според агенцијата Ројтерс, Синдикатите побарале од компанијата да отвори повеќе места и работа за домашните фабрики со зголемување на производството и инвестирање во нови модели.

Унијата на работниците се загрижени бидејќу има пад од 3,8 отсто во производството на возила од германските фабрики во првата половина на годината, поради падот на побарувачката на моделите Golf и Passat. Тие се плашат дека може да продолжи процесот на кратење поради високите торшоци на производство во домашните фабрики.

VW во ноември минатата година се согласи со германските синдикати да намалат илјадниците работни места во основниот бренд на VW преку природно заминување во текот на следните осум години, во замена за обврска за избегнување на задолжителни технолошки вишоци.

Синдикатите и раководството претходно годинава решија да се расправаат околу тоа како да се спроведе план за пресврт за проблематичниот бренд VW, но компанијата треба да излезе со план за инвестиции во висина од милијарди евра до ноември.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK