PSA го купува Opel од GM

ОБЈАВЕНО НА:

PSA Group размислува за превземање на ривалскиот бренд Opel од GM, потврдија од францускиот производител. Според агенциски информации следните денови би требало да биде потврдено превземањето, со што Opel ќе биде дел од PSA.

GM и PSA каде се произведуваат Peugeot, Citroen и DS веќе го делат производството на СУВ и миниван возила. Претходно имаше обид да се направи една поширока алијанса која почна да се реализира во 2013 година со продажбата на акциите на GM во францускиот производител на автомобили.

Оваа комбинација ќе создаде производител што ќе има 16 отсто од европскиот пазар, надминувајќи го Renault и ќе стане втор најголем регионален производител, веднаш после Volkswagen Group. Заедно, PSA и Opel ќе имаат 16,3 отсто од 16,3 отсто, во споредба со 24,1 отсто на Volkswagen.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK