Откако во март во фабриката во Лукуау во кинеската провинција Женјанг и официјално започна сериското производство од електричниот Polestar 2, овој автомобил по само неколку месеци за прв пат е испорачан и во Европа.
Првиот примерок на европско тло е испорачано од европското седиште на производителот во шведскиот град Гетеборг. Токму и купувачот е од Шведска, а за овој автомобил тој плати 659.000 шведски круни што е еднакво на 63.875 евра.
Станува збор за модел кој премиерно беше претставен на почетокот на минатата година. Се базира на CMA платформата која се користи и кај дел од актуелните модели на Volvo, поточно моделот XC40 како и кај моделот Lynk&Co 01, а при тоа овој модел располага со два електро мотори кои заедно развиваат 402 КС и 660 Nm обртаи.
Батеријата која е со капацитет од 78 kWh овозможува со едно полнење помине околу 500 километри што е повеќе од претходно најавуваните 400 километри.