Светската премиера на BMW Concept i4 е предвидена за 3 март, а истата треба да се случи на саемот во Женева. За таму BMW Group најави промоција на првото целосно електрично Grand Coupe со четири врати.
Со ова почнува нова ера на задоволство од возењето. BMW Concept i4 дава целосно нова димензија на типичната динамика на управувањето за BMW и смета на модерниот спортско-елегантен дизајн со пространа комоција и функционалност на Grand Coupe со четири врати и тоа со нула локални емисии.
„Со BMW Concept i4 електрификацијата достигна до срцето на брендот BMW. Дизајнот е динамичен, јасен и елегантен, во тон со емоционалниот електромобил и доблестите на BMW“, вели Адријан ван Хојдон, раководител на BMW Group Design.