Mercedes пред неколку денови ја претстави новата генерација на S класата, а меѓу првите добредојде и посака германскиот ривал BMW.
Овој производител на својот Инстаграм профил објави видео објава на кој е прикажан нивниот конкурент на S класата како вози по кривини во форма на буквата S. При тоа видеото е придружено и со натпис “Nice S”.
Истовремено, во описот на постот од BMW напишаа: “Еј, добра работа, Mercedes-Benz! Ние сме исто така големи фанови на S класата”.
Провокација или џентлменски потег, проценете сами.