Протести во Германија против забраната на дизелот

ОБЈАВЕНО НА:

Минатата година беше доста турбулентна во Германија во поглед на бројните забрани за дизелските автомобили. Сето тоа резултираше со бројни забрани издадени од сојузните држави во повеќе градови меѓу кои и Штутгарт, Бон, Келн, Берлин, Хамбург, Кил…

Оваа 2019 е годината кога и од официјално започнаа да важат најголем дел од забраните, а сето тоа резултираше со протести во Штутгарт на кои своето незадоволство го истакнаа противниците на оваа одлука.

Тие инспирирани од демонстрациите во Франција, носејќи жолти елеци излегоа на улиците во овој германски град и со најразлични транспаренти побараа укинување на мерката за забрана на дизел автомобилите. “За дизелот”, “Сакаме дизел”, “Возачи на дизел, обединете се” беа само дел од трансапрентите во рацете на изреволтираните возачи.

Градската управа на овој град лоциран во југозападниот дел на Германија од 1 јануари ја воведе забраната за возење на автомобили постари од 2011 година особено во центарот на градот каде се наоѓаат и седиштата на германските производители Daimler и Bosch.

И покрај големите протести кои ќе продолжат и во наредниот период, градските власти немаат намера да ја укинат оваа одлука.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK