Промени на врвот – Renault најпродаван бренд во јуни во Европа

ОБЈАВЕНО НА:

Во соопштение испратено до јавноста, Renault со гордост открива дека најпродаван бренд на “Стариот континент” во јуни е токму Renault.

Францускиот бренд во јуни оствари пазарен удел од 10,5% што го рангира на првото место. Значителен удел во оваа бројка има и електричното возилo ZOE. Секако, најголем удел има моделот Clio кој е најпродаван во Европа за минатиот месец.

Во Русија, Renault оствари благ пораст на продажбата, а најзаслужен за овој пораст е моделот Arkana кој придонесе и за зголемување на пазарниот удел на Renault Групацијата од 30,2% од кои 8,1% припаѓа на брендот Renault.

Мало зголемување на продажбата на Renault има и во Индија каде е остварен пораст од 0,8%, Во Кина и Бразил, како едни од најголемите национални пазари, покрај САД и Кина, францускиот бренд оствари пад на продажбата. Така во Бразил на ниво на Групација продажбата падна за 46,9%.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK