Промена на местото извршен директор во Aston Martin. Досегашниот директор Енди Палмер заминува од оваа позиција која ја извршува од октомври 2014 година.
Ројтерс наведува дека неговото место ќе го потполни Тобијас Моерс, досегашниот извршен директор на Mercedes-AMG.
Причината за оваа одлука не е позната, а Financial Times за ова шпекулираше уште пред неколку месеци кога наведе дека заминувањето е дел од новиот план за реструкција на Aston Martin.
Палмер претходно беше дел и од Nissan, а засега не е позната неговата следна дестинација. Од друга страна, за 54 годишниот Моерс ова ќе биде прво искуство надвор од Германија.