Производителите на автомобили и фудбалот – кој кого спонзорира?

ОБЈАВЕНО НА:

Фудбалот е несомнено најпопуларниот спорт во Светот. Неговата популарност, и покрај се поголемата комерцијализација, постојано е во пораст. Тоа е причината зошто многу компании се одлучуваат да вложат пари односно да спонзорираат некој клуб.

Очекувањата од спонзорирањето се големи, па компаниите очекуваат зголемување на репутацијата на брендот со што би ги подобриле севкупните финансиски перформанси.

Неизоставен дел од фудбалот како спорт, изминатите години е и автомобилизмот. Многу производители, особено поголемите спонзорираат и по неколку фудбалски клубови, а спонзорските договори на годишно ниво поминуваат и неколку милиони евра.

Понекогаш производителите даваат директна финансиска помош, но најчесто тие отстапуваат дел од своите автомобили на фудбалските клубови кои пак како бенефиции ги нудат на своите фудбалери.

Но кој производител кого спонзорира?

Ќе започнеме со Audi. Овој германски производител долги години е спонзор на Реал Мадрид. Минатата сезона вкупната вредност на автомобилите кои ги отстапи на Реал Мадрид изнесуваше 2,5 милиони евра. Овој производител е спонзор и на најголемиот ривал на Реал Mадрид, Барселона, но и на премиерлигашот Тотенхем.

Volkswagen пак, е спонзор на германската репрезентација, а годишно во оваа репрезентација инвестира од 25 до 30 милиони евра, најголем дел од овие средства во вид на директна финансиска помош. Овој производител е спонзор и на Волфсбург, Хановер, Вердер Бремен, Шалке 04 и Минхен 1860. Иако 8,33% од акциите на Баерн Минхен се во сопственост на Audi, сепак BMW е спонзорот на овој клуб кој успеа да го замени конкурентот Audi пред неколку години.

Hyundai во последните неколку години успеа да потпише неколку договори со повеќе фудбалски клубови од Европа. Во 2019 година за прв пат потпиша договор со Атлетико Мадрид, а истата сезона потпиша и со Челзи, Рома, Олимпик Лион и Херта.

FBL-FRA-LIGUE1-LYON-SAINT-ETIENNE : News Photo

Јувентус за генерален спонзор го има Jeep кој покрај тоа што отстапува 40-тина автомобили на овој клуб, исто така и одвојува по десетици милиони евра годишно за спонзорирање на најтрофејниот фудбалски клуб.

Од останатите спонзорски договори, Citroen го спонзорира Арсенал, фудбалерите на Мајнц за службени автомобили имаат Opel автомобили. Истиот овој производител е спонзор и на Борусија Дортмунд, Баер Леверкузен и Фрајбург.

Стадионот на штутгарт се вика Mercedes-Benz Arena, па оттука овој германски производител е најголемите спонзори на овој фудбалски клуб. BMW ја замени Alfa Romeo и веќе неколку сезони е спонзор на Ајнтрахт Франкфурт. Dacia е спонзор на Удинезе за кој игра македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, а генерален спонзор на Манчестер Јунајтед е Chevrolet.

Кај нас во Македонија се уште сме далеку од вакви спонзорски договори. Клубовите играат на стадиони што не се нивни, а фудбалерите самите си купуваат возила, и немаат службени. Тоа го покажува и квалитетот на лигата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK