ПРОДАЖБА: Кој бренд има најголем пазарен удел – и на кој пазар

ОБЈАВЕНО НА:

Само еден бренд на светско ниво има пазарен удел над 10 отсто, а на најголемите четири пазари најголем пазарен удел има Volkswagen, од 21 отсто во Европа. Кинеските производители во март имаа една третина од продажбата

Кина веќе е сериозен играч во производството и продажбата на автомобили, а тоа го покажуваат и бројките. Во март 2024 година, кинеската продажба на автомобили сочинуваше 33% од месечните 8,15 милиони продажби на возила во светот, според Куи Донгшу, генерален секретар на Кинеската асоцијација за патнички автомобили (CPCA). Во првиот квартал од 2024 година, ширум светот се продадени 21,05 милиони возила, што е зголемување од 3% на годишно ниво.

Од 2016 до 2018 година, продажбата на кинески автомобили сочинуваше околу 30% од продажбата на автомобили во светот, а потоа падна на 29% во 2019 година.

Во глобалното рангирање на производители на автомобили во 2024 година споре дпродажбата, Toyota е рангирана на прво место, со пазарен удел од 10,6%, и е единствената автомобилска групација со повеќе од 10% пазарен удел, по што следат Volkswagen и Hyundai, со 9,5% и 7,4%, соодветно. Заедно, овие три компании сочинуваа 27,5% од уделот на светскиот пазар.

Меѓу кинеските компании, Geely е единствениот производител на автомобили што се најде на листата на првите десет. Во првиот квартал од 2024 година, Geely продаде 738.400 возила, што претставува 3,5% од уделот на светскиот пазар. BYD беше блиску зад Geely, со 3,2% од уделот на светскиот пазар.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK