Продал лажен Porsche автомобил

ОБЈАВЕНО НА:

Интересна вест доаѓа од САД – новиот сопственик го обвинува поранешниот дека му продал лажен Porsche автомобил.

Главни актери во оваа несекојдневна случка се комичарот Џери Сеинфелд во улога на продавач и компанијата Fica Frio Limited која ја има улогата на купувач.

Компанијата во март 2016 година на аукција во Флорида купи Porsche 356A Speedster автомобил од 1958 година за 1,54 милиони американски долари. Сепак, по речиси три години оваа компанија поднесе тужба во судот во Менхетен, а причината е тоа дека автомобилот бил претходно демолиран, а тој податок бил скриен на аукцијата и при реставрацијата не се користени оригинални и автентични делови за овој автомобил.

Обвинувајќи дека купиле лажно Porsche, компанијата бара од поранешниот сопственик да ги врати парите на компанијата и дополнителни средства на основ на оштета. Овие обвинувања Сеинфелд во целост ги отфрли и ги нарече невистини.

Дали и каква разврска ќе има овој спор останува да видиме, а дали е однапред исцениран со цел добивање внимание во јавноста останува на вас да процените.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK