Претставен “пораснатиот” Range Rover Evoque

ОБЈАВЕНО НА:

Специфичност на кинеските купувачи на возила е нивната преференција за големи возила. Оттука многу производители специјално за овој пазар претставуваат зголемени и продолжени верзии од своите возила.

Таков е примерот за VW Passat, Audi A4, BMW Serie 3, Jeep Compass и многу други, а последен во низата модел наменет за овој пазар е продолжениот Range Rover Evoque кој ја носи додавката “L”.

Така должината на оваа верзија изнесува 4.531 мм, ширината 1.904 мм, висината 1.650 мм додека пак меѓуоскиното растојание е зголемено за 160 мм и сега изнесува 2.841 мм. Благодарение на ова, покрај зголемениот багажен простор, зголемен е и просторот на задната клупа кој сега изнесува 1.015 мм.

Во понудата доаѓа само со 2,0 литарски бензински мотор со милд-хибриден систем кој заедно продуцира 250 КС и 365 Nm вртежи. Во стандардната опрема доаѓа со девет степен автоматски менува и погон на сите четири тркала, а почетната цена во Кина изнесува нешто над 50 илјади евра.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK