Новата верзија, наводно, ќе го имитира чудниот дизајн на оригиналот кој ја моторизира Франција по војната пред се со својот едноставен дизајн, лесното и ефтино одржување, доверливоста и економичноста...
Евтините автомобили можеби се продаваа како колачи, па дури и во САД минатата година, но бројот на достапни опции продолжува да се намалува, можеби не толку на Стариот континент, секако не во Јапонија, но во Америка и така беа ретки, а сеге одат кон „ истребување“. Како што рековме Европа го нема овој проблем, а наскоро би можела да има уште една нова евтина опција од Citroen доколку производителот на автомобили ја оживее својата иконса на четири тркала -2CV во повеќе одошто само враќање на името.
Така, деновиве, специјализираниот Autocar известува дека францускиот производител на автомобили започнал со работа на нов 2CV кој наводно ќе го имитира чудниот дизајн на оригиналот.
Потсетуваме, 2CV беше економичен автомобил што Citroen започна да го произведува веднаш по Втората светска војна и продолжи да го произведува до 1990 година, станувајќи витален дел од повоеното економско закрепнување на земјата, особено во руралните области, а одлично беше прифатен и во регионот и на нашите простори ( се произведуваше во Копер, Словенија, во некогашната заедничка држава СФР Југославија)
Во секој случај, оригиналниот автомобил имаше многу интересни карактеристики, како што се суспензија што сама се нивелира, благодет за долго патување, сопирачка на борд -таблата и платнениот покрив. Дебитираше на саемот за автомобили во Париз во 1948 година и стана популарен автомобил поради едноставниот инженеринг и дизајн.
Не се знае многу за новиот 2CV. Ако проектот штотуку започнува, Citroen најверојатно, сè уште треба да донесе некои важни одлуки за автомобилот пред да влезе во производство, кое што можеби нема да се случи уште три или четири години.
Според публикацијата, новото возило најверојатно ќе се вози на платформата Smart Car на Stellantis за да ги намали трошоците.
Најверојатно ќе се смести, односно позиционира во понудата на марката помеѓу моделите Ami и C3 во „градската “ постава на Citroen и ќе се фокусира на ефикасноста.
Додека платформата Smart Car може да прими неколку типови погонски единици, Autocar верува дека новиот 2CV ќе пристигне како потполно електрично возило со батерии за да се натпреварува против Renault 5, уште едно ретро инспирирано оживување и ривал на евтините кинески алтернативи кои го преплавуваат континентот. Но може да се очекува и хибридна верзија со продолжен досег, особено во моментите кога продажбата на нови EV на глобалниот пазар го намали интензитетот, а се почести се барањата од производителите, Италија, Германија, кои бараат продолжување на рокот за „Д “ денот кога автомобилите на бензин треба да исчезнат од пазарот и од патиштата
Како и да е ќе биде потребно да сме трпеливи и да почекаме две, три години за да ми речеме добре-дојде, односно да го видиме модерниот наследник на француската автомобилска икона на тркала Citroen 2CV, со надеж дека ќе ги достигне, или барем ќе им се приближи на „височините “ што таа ги достигна и со кои ги освои срцата на генерации низ своето постоење.