Само некоја недела по премиерата, германскиот производител Mercedes ги објави цените за новата S класа. Очекувано, најевтин е основниот модел кој во Германија ќе се продава по цена од 93.438 евра.
Со основно ниво на опременост, но со поголемо меѓуоскино растојание ќе треба да платите 96.094 евра. Овие две верзии се опремени со 2,9 литарски дизелски мотор кој продуцира максимални 286 КС.
Верзиите со погон на сите четири тркала почнуваат по цена од 97.150 евра за S350d однсоно 106.998 евра за S400d 4Matic.
S450 4Matic со продолжено меѓуоскино растојание и 3,0 литарски бензински мотор со 367 КС чини 106.650 евра додека S500 4Matic се продава по цена од 115.130 евра и 117.786 евра за пмоќниот 3,0 литарски бензиснки мотор со 435 КС.
Првите испораки на овој модел се закажани за декември годинава.