Повторно стартуваше производството во европските фабрики на Ford

ОБЈАВЕНО НА:

Ford е првиот производител кој го рестартираше производството на возила во најголем дел од свои европски фабрики. Откако тоа пред некоја недела го направи во Крајова, Романија, сега и официјално се рестартирани и останатите фабрики.

Така од производствените ленти Ford автомобилите се спуштаат и во двете фабрики во Германија, во Зарлуис и Келн како и во Валенсија, Шпанија.

Од ПР службата на европската дивизија на Ford наведуваат дека производството стартува со низа мерки на претпазливост. Користењето на заштитна опрема е задолжително, а со цел да се запазат препораките за социјална раздалеченост, во првиот период фабриките ќе работат со значително намален обем.

Кон крајот на месецот се очекува производството да биде рестартирано и во британските фабрики лоцирани во градовите Дагенхем и Бриџенд.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK