Половните стануваат „мода“ – oтворен Olympia Motors Outlet

ОБЈАВЕНО НА:

Во време кога купувањето нов автомобил е сѐ поретко, и сите се ориентираат кон продажба на користени, но и добро сервисирани возила, во Македонија почна да функционира уште еден нов пристап кон задоволување на желбите на клиентите – Outlet продажба.
Ништо поразлична од купување на половен автомобил од некој плац, со таа разлика што тоа го правите од фирма која зад себе има долгогодишно искуство во продажба и сервисирање, и каде можат да ги задоволат важите желби и потреби веднаш или по нарачка.

Така функционира новиот Olympia Motors Outlet, каде најчесто ќе се продаваат возила со позната сервисна историја, произведени 2012 и помлади, а увезени од Германија, Белгија и Франција. Во фокус ќе бидат возилата и класите на возила што најмногу ги интересираат клиентите, и постојано на лагер ќе им а20-30 возила од различен сегмент.

Во Оlympia Motors Outlet (OMO) ќе функционира и продажба на „старо за ново“, продажба по нарачка или пак помош при индивидуално купување на возила во странство и нивно регистрирање во Македонија.

Зад ОМО стојат луѓе што долги години раководеа со компании кои продаваа возил аод брендовите Opel, Chevrolet, Ford, Volvo, Lada и имаа големо познавање на приликите и навиките на пазарот во македонија. Сега за ОМО главна насока е да се задоволи купувачот, и има за цел да ги обедини клинетите од повеќе целни групи.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK