Полицијата со дронови лови недисциплинирани возачи (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Иновaциите од страна на полицијата кога се во прашање казнувањата на недисциплинираните возачи и натаму продолжува. Покрај тоа што таа е вешта во употребата на алтернативни начини на “заплашување” и дисциплинирање на возачите, таа на најдобар начин ги користи и современите технологии.

При тоа тука не станува збор користење на оние статични камери и други сензори туку на современите дронови. Меѓу првите такви полиции е и онаа во Полска која веќе на одредени места ширум оваа земја се користат дреновите со цел ловење на недисциплинираните возачи.

Полицијата во полскиот град Олштин веќе објави видео на кое се гледа како со помош на дрон се улови возач на црвен автомобил кој претекна на полна линија. Откако со помош на дронот беше утврден прекршокот, полицијата по 200 метри го сопре возачот кој доби соодветна казна. И истото продолжи и со други возачи, на автомобили но и моторцикли.

Со оглед што години наназад Македонија ги следи праксите од европските земји, за очекување е наскоро дроновите да бидат дел од стандардната опрема и на македонската полиција.

 

[totalpoll id=”66829″]

Следете не и на:

24AUTO NETWORK