Полицијата откри 46 возачи без возачка и казни 49 пешаци

ОБЈАВЕНО НА:

И покрај засилените контроли што речиси два месеци ги спроверува полицијата се уште постојат возачи кои ризикуваат и се надеваат дека нема да бидат дел од контролите, и ќе избегнат да бидат казнети за возење без положен соодветен возачки испит. Само во Скопје вчера полицијата откри рекордни 46 возачи кои управувале возило без возачка.

Според податоците на МВР од извршените контроли и изречени мерки, секој десетти бил без возачка. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 396 мерки, меѓу кои 46 за возење без возачка дозвола.

Меѓу контролираните учесници во сообраќајот 27 биле со технички неисправни и нерегистрирани возила, 20 мерки се изречени за недавање првенство на пешаци. Изречени се 14 санкции за користење на мобилен телефон и 49 мерки на прекршоци направени од пешаци.

За непрописно паркирање изречени се 87 мерки, а изречени се 54 мерки за неносење на заштитна маска.

На територијата на општина Илинден изречени се вкупно 103 мерки, меѓу кои 18 за возење без возачка дозвола, 12 за нерегистрирани возила…

И не заборавајте контролите на полицијата продолжуваат..

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK